Новонастанатата состојба со зголемен број пожари на отворен простор, на подрачјето на општина Дебар, посебно во атарите на пограничните села Бомово, Селокуќи, Спас, Коњари, Бањиште, Аме, Џепиште и Отишани, како и селото Татар Елевци, и преземањето соодветни превентивни мерки, беше тема на денешната средба што ја организираше Територијалната противпожарна единица (ТППЕ), со претставници на повеќе институции.
Командирот на ТППЕ, Џетан Мифтароски даде кус приказ за состојбата со пожарите, со посебен акцент на оние на отворен простор, кои како што рече, во втората половина од овој месец, ги има секојдневно, а некогаш и неколку во текот на еден ден, што предзвикува матерјална штета, но создава проблем и во навремената интервенција.
На средбата присуствуваа претставници на Полициската станица од општа належност во Дебар, подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“, подрачната единица на Министертвото за земјоделство,шумарство и водостопанство, регионалниот штаб на ЦУК, како и локаланата власт и други институции.
Во дискусиите на присутните заеднички именител им беше потребата од покординирана соработка и активности во заштитата од пожари.
Беа донесени заклучи кои се однесуваат на превентивно работење на сите институции во согласност со нивното овластување, создавање мешовити патроли од сите институции кои ќе вршат превенција на пограничниот појас со Република Албанија, иницирање средби со граѓаните односно, месните заедници како превентивна мерка, како и средба со сопствениците на добиток кои што го напасуваат, што би ја организирала подраќната единица на МЗШВ.
Во превентивните активности неопходно е да се вклучат и медиумите преку кои ќе се упатува апел за воздржување од палење орган на отворен простор.