ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ традиционално ја започнаа кампањата од Охрид каде се обратија претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Во Охрид се слушаат татнежите на Петар Чаулев и на голем број Македонци. И не за џабе го кажувам ова, не за џабе потсетувам на нивните дела и заслуги за нашата земја, бидејќи секое од овие имиња нас длабоко нè обрзува, и затоа ние се поклонуваме пред нивните имиња и почитуваме нивните нивните дела, сè она за што се залагале, се бореле и за сето она на што ги посветиле животите. А тоа е Македонија. Ќе победиме, бидејќи треба правда, а ова е нашата борба против неправдите. Верувам дека на овие избори ќе победат срцата кои треперат и душите во кои пламти огнот за Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Охрид.