ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ традиционално ја започнаа кампањата од Охрид каде се обратија претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Силјановска пред охриѓани најави дека ќе биде претседател кој ќе го почитува Уставот и законите, а меѓународната политика ќе ја води преку економска, научна и културна дипломатија кои според неа се многу помоќни од традиционалната. Правото на вето, како што посочи, ќе го користи секогаш кога ќе треба да предупреди на Уставот и законите.
Според неа, државата во моментот се соочува со хибриден режим, авторитарен систем, со вредносен морален и политички регрес…За Преспанскиот договор рече дека е надвор од задолжителното меѓународно и национално право и ги повика граѓаните да гласаат за да се делегитимира власта и се она што сторила изминатите две години за да се отвори пат за предвремени парламентарни избори.
Пред охриѓани се обрати и кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошески, кој најави изградба на нов кеј, модерно шеталиште, реконструкција на плоштадите, нов плоштад кај Студенчишта, нова патека кон Свети Стефан, развој на туризмот