„Река за републиката“ и „ЕУРека“ се двата главни слогани со кои кандидатот за Претседател на здружената опозиција во албанскиот блок на партии, Блерим Река ќе ја бара довербата од гласачите.
На стартот на кампањата, Река пред присутните на плоштадот Скендербег во Скопје рече дека од Скопјето на Хасан Приштина и Мајка Тереза ја пишуваат новата историја за Република каде владее правото, а не поединецот. Најави борба против корупцијата, непотизмот и селективната правда.
*Платено политичко рекламирање