Народот е уморен, гледа непотизам, оти во земјава важи начелото „на човекот да му најдеме работа, а не на работата човек“, младите Македонци и Албанци не се заинтересирани да се занимаваат со политика, но и се разочарани, вака албанскиот аналитичар Абдулади Весели го опишува актуелното предизборно расположение кај граѓаните. Во емисијата „Отворено на Алфа“ тој нагласува дека и покрај тоа што кандидатите се обврзале за чисти, фер и демократски избори, дека нема да се такви. Можеби нема тоа да го прават големите партии, оти сакаат Брисел да види друга сликам, но локални партиски шерифи кои ќе се додворуваат на партиските лидери дека направиле голема работа, вели Весели.

Според него секогаш власта ги добивала претседателските и локалните избори.

-Но партија или партии кои ги имаат централна, локална и претседателска власт под нивна контрола, нивната работа не оди на нагорна, туку на надолна линија. Затоа првично треба да имаме фер и демократски избори, а јас не верувам дека овие избори ќе бидат такви, смета Весели.

Не му е јасно зошто кандидатот на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река воопшто се кандидирал кога однапред е јасно дека трката не е за него, туку борба меѓу Пендаровски и Силјановска.

Најпрво да ги слушнеме програмите оти до сега не слушнавме кои се програмите на сите кандидати. Според мене треба да се сконцентрираат на надлежностите кои што ги имаат, без при тоа да бидат еуфорични и да ги зголемуваат надежите на граѓаните, дека ако тој стане претседател во Македонија ќе биде мед и млеко, вели Весели.