Кандидатите за Претседател на Македонија вчера и официјално ја започнаа кампањата за шеф на државата.

Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ, традиционално стартуваа од Охрид, додека Стево Пендаровски и СДСМ беа на трибини во Крушево и Прилеп.

Покрај политичките пораки кои беа упатени од митинзите и трибините, како highlights на денот ќе остане говорот на членка на СДСМ која го повика Стево Пендаровски да и биде татко како и моментот на попуштање на бината на митингот на ВМРО-ДПМНЕ додека зборуваше кандидатот за градоначалник на Охрид. За среќа бината остана стабилна и не дојде до поголем инцидент.