Кандидатот за претседател на Северна Македонија, Блерим Река објави промотивно видео на својот фејсубук профил во кое со снимки од митингот во Скопје упатува порака до гласачите дека само сплотени може Републиката да оди напред.

На стартот на кампањата, Река пред присутните на плоштадот Скендербег во Скопје рече дека од Скопјето на Хасан Приштина и Мајка Тереза ја пишуваат новата историја за Република каде владее правото, а не поединецот. Најави борба против корупцијата, непотизмот и селективната правда.

*Платено политичко рекламирање