Кандидатот за Претседател на Македонија, Гордана Силјановска - Давкова преку видео на фејсбук го искоментира моментот на неинтонирањето на македонската химна при пречекот на грчкиот премиер Алексис Ципрас пред Владата на Македонија.

- Кога слушаме химна, стануваме, одаваме почит, се идентификуваме. За жал, иако доаѓањето на грчкиот премиер во Македонија е важен настан, приемот без интонирање на химна е непознат феномен речиси 75 години во Македонија. Од оваа постапка на Владата, може само да се заклучи дека направија уште еден чекор кон демакедонизацијата, истакна Силјановска.

*Платено политичко рекламирање