Кандидатот на здружената коалиција помеѓу БЕСА и Алијанса за Албанците, Блерим Река вечерва оддржа средба со граѓани во скопската општина Студеничани.
Тој на присутните им порача дека е потребно во нашата земја конечно да започне да функционира системот на Републиката а тоа ќе се оствари кога во фокусот на владењето ќе биде правото а не поединецот.
- Ние сме за мултиетничка и евроатлантска република. Македонија е држава но не е република. Република ќе биде кога на местото на владеење на поединецот ќе имаме владеење на правото. Со политизирано судство, партизирана јавна администрација и амнестирано Собрание во никој случај неможе да се зборува за европска иднина на Македонија.
*Платено политичко рекламирање