Кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова на митингот во Ресен пред присутните истакна дека секој ден од нејзиниот мандат ќе се бори за реформи кои ќе го унапредат и подобрат секојдневното живеење на граѓаните.
Доколку го добијам вашиот глас и доколку како претседател на сите граѓани без оглед на етничката, расна, верска или било каква припадност се обврзам на реформи дека ќе почнам една долга листа. До вас ќе се обраќам во парламентот, но не за да покажам колку сум силна или дека имам реторички вештини, туку затоа што вашите проблеми ќе ги нотирам таму, од оние на лицата со посебни потреби, до оние на младите преку оние на лекарите, на земјоделците, луѓето кои животот го вложиле во најубавите јаболка на светот а сега не можат да ги продадат, на оние кои што имаат социјални проблеми во животот,за да ги заинтересирам пратениците и за да ја сензибилизирам владата и да покажам дека не е таму за вежба демократија на нас и да се богати, туку за да ги решава вашите проблеми. Ви ветува дека она што го пишувам во трудовите и во книгите дека не може да има здрава, досадна држава во која што функционира се само од себе . зошто? Заради процедурата дека ќе го направам на мој специфичен начин. Во сите тела кои претседателот има право да предлага луѓе, во Уставниот суд, во Советот за безбедност, гувернерот, понатаму кога треба да разговара со неговиот партнер политички, министерот за одбрана или министерот за надворешни работи, иако не знам како човек може да разговара со нив, со се надевам дека еден друг суштински разговор веќе наесен ќе се појави како природен, разговорот со новите министри од новата влада, истакна таа.