Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во гостувањето во емисијата Отворено на Телевизија 24 во реплика на генералниот секретар и шеф на изборниот штаб на Стево Пендаровски, изјави дека голем број од членовите на СДСМ истакнуваат дека ќе дадат поддршка на нивниот кандидат Блерим Река.
По број на гласови и по анкети сме блиску до ДУИ дури и во одредени региони значително сме во предност. Што се однесува до кандидатот Блерим Река веќе има голем број на луѓе, посебно од СДСМ кои јавно ни кажуваат дека поддршката ќе ја дадат за Река. Очекувам дека и голем број други гласачи од помалите етнички заедници а кои се незадоволни од владеењето и политиките на владината коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ ќе ги препознаат вистинските вредности и ќе ја дадат поддршката за Блерим Река, истакна Таравари.
*Платено политичко рекламирање