Кандидатот за претседател на Македонија поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на митингот во Кавадарци им ја честиташе петтата титула на ракометарите на Вардар во СЕХА лигата, истакнувајќи дека тие се најголемите дипломати и промотори на Македонија.

- Сите денеска зборуваат за Вардар, а јас сум сигурна дека Стојанче Стоилов нема да рече Северна Македонија. Покрај спортската дипломатија ќе развиваме и културна дипломатија, бидејќи некогаш уметноста, филмот, науката, можат да сторам многу повеќе од многу амбасадори и конзули, истакна Силјановска.

*Платено политичко рекламирање