Претседателскиот кандидато на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски, на конвенцијата во Борис Трајковски, по низата реакции во јавноста за неинтонирањето на химната за време на посетата на Грчкиот премиер Алексис Ципрас како и за видеото кое е актуелно на социјалните мрежи а на кое се гледа како ги повикува присутните на една од трибините да станат на химната, се реши да ја испее истата сакајќи да упати порака дека истата не е забранета за интонирање со договорот од Преспа.
– Ајде да покажеме дека не е точно дека сме потпишале договор со кој е забрането да се испее македонската химна. Ајде заедно со примадоната Весна Гиновска Илкова да ја испееме и текстуално, порача Пендаровски.