Мојата кандидатура го носи симболот на единството на Албанците, а тоа го покажува и зборот што јас го употребувам „сојуз-беса„ што произлегува од двата политички субјекти кои ја поддржуват мојата кандидатура, вели пред граѓаните на Арачиново, Блерим Река, претседателскиот кандидат поддржан од партиите Алијанса за Албанците и Беса.
Тој во денешната средба со граѓаните на Арачиново ги повикува гласачите да гласат за неговиот концепт „Република за сите“ затоа што, како што вели, со тоа тие веќе нема да бидат граѓани од втор ред.
-Партиите што се на власт нудат општество за сите, но ние сакаме држава за сите, а денес државата не е за секого, рече Река и повика да не прифатат понуди кои се штетни за Албанците.
-Ние не треба да станеме машина за гласање, вие имате моќ да изберете за кој сакате да гласате: за вашиот брат или за вашиот сосед, рече Река.
*Платено политичко рекламирање