На шест дена до крајот на лигашкиот дел од најсилната светска кошаркарска лига – НБА, ноќта меѓу среда и четврток на распоредот беа 12 натпревари по кои продолжува големата неизвесност кои ќе бидат последните три патници во плејофот.
Постигнати резултати:
Детроит – Индијана 89:108 Орландо – Њујорк 114:100 Вашингтон – Чикаго 114:115 Атланта – Филаделфија 130:122 Бруклин – Торонто 105:115 Мајами – Бостон 102:112 Њу Орлеанс – Шарлот 109:115 Далас – Минесота 108:110 Денвер – Сан Антонио 113:85 Феникс – Јута 97:118 Портланд – Мемфис 116:89 ЛА клиперс – Хјустон 103:135.
Плејоф од Западната конференција изборија: Голден стејт, Денвер, Портланд, Хјустон, Јута, ЛА клиперс, Оклахома и Сан Антонио.
Од Истокот место во разигрувањето за титулата досега изборија: Милвоки, Торонто, Филаделфија, Бостон и Индијана, за преостанатите три конкурираат Детриот, Орландо, Бруклин, Мајами и Шарлот.