Кандидатот за претседател поддржан од БЕСА и Алијансата за албанците Блерим Река, поддршката од гласачите ја бараше во Општина Арачиново. Река истакна неговата кандидатура го носи симболот на единството на Албанците, а тоа го покажува и зборот што го употребува „сојуз-беса„ што произлегува од двата политички субјекти кои ја поддржуват мојата кандидатура, истакна Блерим Река, претседателскиот кандидат поддржан од партиите Алијанса за Албанците и Беса.
На средбата со граѓаните на Арачиново присуствуваа и лидерите на двете подржувачки парти Алијансата за Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами.
Села, истакна дека се решителни да изградат здрав систем на управување, заедно со гласовите на Албанците.
- Заедно со вас и заедно со сите албанските гласачки ќе изградиме здрав систем на управување на Републиката во која секој човек ќе може достоинствено да живее, истакна Села.
*Платено политичко рекламирање