Режисерот Јани Бојаџи преку видео порака упати поддршка на кандидатот за Претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

- Благодарност до Jani Bojadzi за поддршката. Благодарност и до Марко, Дореана и Далип за испратените видеа. Испратете ми селфи фотографии да направиме видео, сите сплотени за едно, за Правда за Македонија, напиша Силјановска на својот фејсбук статус.

Бојаџи, во јавноста стана актуелен откако неговиот филм „Ругање со Христос“ наиде на цензура од страна на властите во Македонија односно Министерството за култура го забрани неговото емитување.

*Платено политичко рекламирање