Со награди за четворица најистакнати работници и засадување дрвца во кругот на компанијата, прилепскиот Тутунски комбинат денеска го одбележа 4 Април, Денот на тутунските работници.

За 20 години работен стаж Комбинатот ги награди тројцата најдобри работници: Али Ахмедоски од погонот „Тутун“, Методија Костоски од погонот „Цигари“ и Сашо Тренкоски од делот на заедничките служби.

Ахметоски во комбинтот работи 31 година. – Работам во погонот „Тутун“ и имам 31-годишен стаж. Убаво е чувството да си најдобар во својот погон и им посакувам и другите вака да бидат наградени, рече Ахмедоски.

И Косотоски е со долгогодишно работно искуство. – Работам во погонот „Цигари“ иимаам 34 години стаж. Чест ми е што сум избран за најдобар работник. Моја и желба на вработените е да се зголеми производството и да имаме повисоки плати, рече Костоски.

Сашо Тренкоски е службеник во Комбинатот речиси 32 години. – Работам во секоторот за логистика и му посакувам барем уште сто години успешно да работи. Сепак, ние сме фирма со традиција и со „педигре“. Заеднички сме со светски познатата компанија „Филип Морис“. Помалку сме, но има зголемен обем на работа. Среќни сме и редовно земаме плата, рече Тренкоски.

Награден е и Александар Волнароски кој, освен што има 20-годишно работно искуство, и семејно е поврзан со Тутунскиот комбинат. – Моето семејство е поврзано со Кобинатот. Татко ми своевремено работеше, беше прв човек на компанијата. Имам 20 години стаж, не е малку. Мислам дека Комбинатот има иднина и напредок, особено сега со „Филип Морис“. Се надевам дека компанијата ќе биде една од најуспешните како што беше порано. И тутунопроизводството има иднина, отсекогаш било така во Прилеп, вели Волнароски.

Во прилепскиот тутунски комбинат во кој влезе светскиот бреннд „Филип Морис“ со реорганизациите сега има 250 вработени. Според директорот Кире Станкоски, ефективноста на работењето е висока, Комбинатот застана на свои нозе, успешно го заврши откупот и се подготвува за новата реколтата тутун.

-Денот на тутунските работници им го честитам и на вработените и на производителите. Откупот од ланската реколта успешно го завршивме и откупениот род во целост е исплатен. Со нашиот стратегиски партнер „Филип Морис“ веќе склучивме договор за продажба на целата откупена реколта. Во погонот на фабриката за цигари го имаме секој месец производството на премиум брендот „Марлборо“. Постојано ги обновуваме развојните планови и за тутунската индустрија постои добра иднина. При крај сме со склучувањето договори со кооперантите за годинашнава реколта. Планот е склучени договори со околу 4.000 кооперанти за производство на 3.000 тони тутун, изјави Станкоски.