Поранешниот светски шампион во Формула 1, Нико Розберг изрази загриженост во врска со перформансите на Себастијан Фетел оваа сезона.

Германецот нагласува на возењето на младиот Шарл Леклер, кој дава многу силна најава за кампањата. Розберг изјави дека не знае како ќе дејствува Фетел поради брзината неговиот клубски колега во Ферари.

– Во текот на изминатиот викенд, Себастијан беше многу побавен од Леклер. Го гледаме истото, што се случи во текот на минатата сезона. Тој се жалеше на инженерите, од стратегијата во квалификациите. Многу лошо. Не знам што ќе направи бидејќи неговиот тимски колега ќе „лета“ оваа сезона, рече Розберг.

Тој додаде дека ситуацијата на е иста како со неговиот поранешен колега, Кими Раиконен.

– Фетел можеше да си дозволи да направи не толку добра сезона и повторно да е пред колегата. Сега работите се поинакви, истакна уште Розберг.

Потсетуваме дека за Големата награда на Бахреин, Леклер стартуваше прв, но ја заврши трката трет. На првиот старт во Мелбурн, родениот во Монако пилот завршува петти.