На претседателската ТВ дебата, кандидатот за Претседател на Македонија поддржан од Алијансата на Албанциете и БЕСА, Блерим Река истакна дека тој во трката за претседалското столче влегол како независен кандидат и драго му е што двете опозициски партии во албанскиот блок ја препознале и дале поддршката за неговата визија која ја има за Македонија.
- Многу јасно и гласно кажав дека ќе бидам независен кога се кандидирав. Тоа што двете партии ме поддржаа е за поздравување, тие поддржаа независен кандидат. Кога видов дека во трката ќе има само два кандидати од македонското мнозинство, мислам дека не ќе беше фер ако нема кандидат кој не припаѓа на мнозинството, рече Река.
Река додаде и дека кандидатурата ја поднел за да се обиде да спречи враќање на еднопартиското владеење во Македонија.
- Мислам дека мојата кандидатура како Албанец и како независен кандидат може само да биде позитивно за македонската демократија. Ако во претседателската трка не влегов јас, ќе останеше поголем простор за враќање на минатото односно враќање кон еднопартиското владеење, со претседател на владата од една партија, претседател на собранието од една партија и евентуално претседател на државата од една партија, додаде Река.
*Платено политичко рекламирање