На претседателскиот дуел помеѓу Силјановска, Пендаровски и Река, кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска истакна дека основен постулат во меѓународното право е симетричноста на преговарачите и нагласи дека нема да го преотвори Договорот заедно со опозицијата, туку ќе оди по правен пат. Додаде дека темелот на Повелбата на Обединетите нации е јус когенс – задолжително меѓународно право, кое меѓудругото се базира на правото на самоопределување и немешање во внатрешните работи.

Појасни дека со оглед на тоа што Меѓународниот суд во Хаг е задолжен за Договорот, доколку дојде во спор во однос на имплементацијата, може да се укаже на едната страна, да се реагира до генералниот секретар, а потоа може случајот да се најде пред Судот во Хаг. Вели трета страни, не може да биде обрзана со интерпартес договор, дури и третите страни кои не признале под името Република Македонија можат да одбијат да го користат новото име, па случајот да се најде пред Меѓународниот суд.

-Во името на владеењето на правото и почитувањето на јус когенс еден ден со правни аргументи можат да се оспорат низа решенија од Препанскиот договор, рече Силјановска.

Силјановска одговори дека нејзе како припадник на академската фела токму во сферата на уставното право и доликува да се повикува на задолжителното меѓународно право, кое, како што рече ако се предочи во правна процедура ќе биде разбирливо и за Трамп и за Меркел. Истакна дека е свесна дека меѓународниот поредок е заснован на сила, а не на правда, но денес сите во Европа зборуваат за потребата од јуридизација на политика.