Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ и ДУИ и Блерим Река од Алијансата на Албанците и движењето Беса, беа дел од првата телевизиска дебата во предизборната кампања за Претседател на Македонија.

На темата за договорот од Преспа, како и за односот помеѓу правото и политиката на меѓународната сцена, Стево Пендаровски и реплицираше на професорката Давкова дека е подобро да се кандидира за декан на правниот факултет бидејќи смета дека и лаиците знаат дека кога политиката има интерес правото е во втор план.

-Јас мислам дека зборуваме за две различни работи за светот на правниците и за светот на политиката, за кој и на лаиците им е јасно за жал кој е доминантен. Јас најпријателски ве советувам да се кандидирате за декан на некој правен факултет, а не за највисоката политичка функција и да не сакаме и јас сум професор и сум доктор по правни и политички науки и ви кажувам на оваа функција не оди само со правниот авторитет. Да ги занемарам Меркел, Макрон и Трамп и да им кажам сега ние ќе направиме јуридизација на политиката, тука од Скопје и целиот свет замислете ќе не следи, и порача Пендаровски.