Реплицирајќи на коментарот на кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски дека е подобро да се кандидира за декан на правниот факултет него за претседател на држава, професорката Силјановска истакна дека во целата нејзина кариера се води според правото а тоа го применувала и кога бил дел од високи правни меѓународни институции.
– Јас бев во два мандати потпретседателка на групата на независни експерти за локална самоуправа во Советот на Европа и повикував на право, бев во два мандати Потпретседателка на Комисијата за малцински прашања во Венецијанската Комисија и таму укажував на правните аргументи, а вие мене ми личите на Венецијански трговец, му рече Силјановска Давкова на Пендаровски.