Навистина ми е чудно да го немате прочитано Преспанскиот договор каде што во еден став на договорот кај што се зборува за името се вели страните се обврзуваат дека нема да го сменат ова решение, реплицираше кандидатот за Претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова кон нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски на телевизискиот дуел на тројцата кандидати за Претседател.

Преспанскиот договор завршува со тн. вечна клаузула која вели дека е непроменлив. Непроменливоста е политички чин, а не правен, истакна Силјановска.

Таа додаде и дека во светот не постои договор кој е вечен и непроменлив.

„Нашиот Устав се знае дека неможе да биде непроменлив. Од Русо преку Џеферсон до Венизелос сите велат дека секоја генерација има право на свој устав и ние можеме да го смениме еден ден“ додаде Силјановска.