Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски на телевизискиот дуел истакна дека не постои поголем проблем што институциите се преименувале во национални, во реплика на професорката и кандидат за претседател Силјановска која истакна дека зборот национално има сосема друга суштина.

- Не гледам проблем што институциите се преименувани во национални дури и во двете својства кои Силјановска ги опиша. Во однос на промената на договорот мора јавноста да знае на кој начин мислат тоа да го направат, истакна Пендаровски.