Чуствувам потреба да ги демантирам сите гласини дека на Албанците не се заинтереисрани и не им е важно ако се промени името. истакна кандидатот за Претседател Блерим Река на телевизиската дебата на Телевизија Телма.

- Ние албанците сочуствувавме со нашите сограѓани Македонци, но знаејќи дека тоа е многу емотивно, национално, сензитивно прашање за Македонците i ние несакавме да долеваме масло во оганот и оставивме да прифатиме и ние тоа што ќе прифатат Македонците.

Река истакна дека голем број од Албанците во секоја прилика се труделе и го бранеле Уставното име на Македонија.

- Како амбасадор на Македонија во Европската Унија достоинствено и како што треба го бранев уставното име на Република Македонија. Видеа можете и ден денес да видите на јутјуб. Едно од нив е и дебатата која ја имав со грчките европратеници и во која на секој можен начин го бранев тогашното уставно име, додаде Река.

*Платено политичко рекламирање