Не е доволно да ги измените законите за да добиете независно судство. Режимот на оваа власт кон нарачките за судски пресуди го забележаа и однадвор, истакна кандидатот за Претседател на Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
– Не е само СЈО, најважното. Ние видовме измена на Кривичниот законик персонализирана, наменска за луѓе од една партија која го поддржува господинот Пендаровски, да бидат бајпасирани, да не можат да бидат процесуирани нивните случаи. Селективна правда не е правда. Повторувам независно судство не се гради само со измена на закони. Еве последното, ако го оставивме да биде некогашниот заменик Јавен обвинител, јавен обвинител, кажете ми како очекувате вистински реформи со човек кој што чиј простор, зграда беше најобојуваната. Од тоа не бива реформи. Или со истите судии, истакна Силјановска.