Со едно политизирано судство, со една непотизирана јавна администрација, со еден врховен суд кој интерпретира закони, со едно собрание кое амнестира и имунизира пратеници оптужени од судот и со едно неизвесно специјално јавно обвинителство не мислам дека ние сме блиску до позитивниот извештај за добивање на датум за преговори, истакна кандидатот за претседател Блерим Река во телевизискиот дуел на Топ тема.
Имаме три земји членки на Европската Унија кои се многи скпетични и кои не се убедени дека ние сме подготвени за датум за почеток на преговори. Тие земји членки и тука во Скопје рекоа многу јасно дека ако заради НАТО затворивме очи, заради геополитички принципи и геостратешки потреби, да ја внесеме Македонија во НАТО, Евопската Унија е сосема друга приказна. Во Европската Унија не проаѓа тоа геополитчко и геостратешко алиби, заклучи Река.
*Платено политичко рекламирање