Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова се обрати пред граѓаните во Кочани.
Силјановска Давкова нагласи дека единствено што направи Заев е промена на Уставот и на уставното име на Република Македонија, затоа се исплашени од претседателските избори, бидејќи народот ќе ги делегитимира нив и сите нивни штетни политики.
Власта е исплашена заради претстојните избори, зошто ќе ги стигне потписот на народот, а тој потпис ќе значи крај на не владеењето на правото, крај на неправдата што ни ја сторија, крај на лагите што ги направија. Народот е мудар и на овие претседателски избор ќе ја делегитимира власта, тоа ќе значи дека ги делегитимира и сите потези и сите одлуки и сите закони што неуставно и спротивно на меѓународното право ги смени, ама го смени и Уставот, впрочем тоа единствената промена која што ја направи овие две години и неколку месеци е промената на уставот и промената на името, посочи Силјановска Давкова.
Таа истакна дека доколку биде избрана за претседател на Македонија ќе именува амбасадори кои што се стручни и компетентни, потенцирајќи дека и во уставниот суд ќе предлага двајца врвни правници професионалци во својата област.
Силјановска Давкова дода дека граѓаните се иселуваат од Македонија бидејќи немаат квалитетен и добар живот, иако Заев им ветуваше европски живот за време на изборната кампања во 2016 година.
Луѓето не одат само по повеќе пари надвор, одат зошто не го препознаваат животот овде, само тие си живеат европски, ама народот не живее европски, туку има крпен живот, вели таа.
Таа ги повика сите граѓани да и се придружат и да ја подржат во оваа борба за Република Македонија, односно како што рече таа само единството е услов за победа на претседателските избори, но и на следните предвремени парламентарни избори.