Американскиот кошаркар Ксавиер Џонсон е ново засилување на кошаркарскиот шампион Работнички. Екипата успеа да се засили во пресрет на натпреварите од Суперлигата кои почнуваат овој викенд.
Крилниот центар доаѓа од екипата на Тексас Леџендс, која настапува во Џи-лигата. Џонсон е висок 201 сантиметар и ќе го замени Кирил Николовски, кој поради повреда нема да игра до крајот на сезоната.
Второ засилување на тимот од „Градски парк“ во овој преоден рок е младиот Стефан Младеновиќ од КК Охрид.