Вашето присуство тука докажува дека вие нема да гласате според диктатот и дека прв пат, владејачките албански партии се против албанскиот кандидат, посочи кандидатот за претседател Блерим Река на средба со граѓаните во Сарај.

-Вашето присуство тука докажува дека вие нема да гласате според диктатот. Денеска прв пат, владејачките албански партии се против албанскиот кандидат. Сити сме од празни ветувања и ова е причината зошто нашите граѓани ја напуштаат земјата. Мојата програма е против празнењето на земјата. Вашите гласови нема да дозволат празнење на земјата. Денес во Македонија има само еден албански амбасадор, во единицата “Волците” – ниту еден припадник, вака не се влегува во Европа. Некои сакат да се скријат од одговорноста сакајќи да го изгаснат Специјалното обвинителство за да избегнат казна. Денес не можат да прифаќаат омаловажување, истакна Река.

*Платено политичко рекламирање