Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села за време на митингот во општина Сарај отворено истакна дека поддржувањето на кандидатурата на Блерим Река е вистинскиот пат што треба да го следат.

-Ние сме пред претседателски избори и тоа е вистинскиот пат што треба да га следиме. Ова е симболичниот пат на победата. Со вашата поддршка, со кренати глави излегуваме на избори и ние не сме како некои други што излегуваат поддржувајќи ги другите со срам. На 21 април гордо да продолжиме кон победата, сите да застанеме зад професорот Блерим Река, вака треба да постапат сите Албанци, рече Села.

*Платено политичко рекламирање