Дебатата беше жива, мислам дека дебатата беше аргументирана вие новинарите ќе оцените кој имаше повеќе аргументи. Дека не беше „ad hominem“ и дека е добра инспирација за нас да се соочиме во други дебати, во други сфери во кој има надлежност претседателот. Јас сум лично задоволна и како кандидатка, а особено како жена зошто се обидувам ете женскиот говор да го промовирам, тоа го направи некогаш Вирџинија Вулф. Ние имаме специфичен јазик, женско писмо и мислам дека тоа е новината која наиде на разбирање и кај мажите, не само кај жените, изјави кандидатот за Претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова по нејзината средба во занаетчиската комора.

Силјановска во однос на нејзините гафови со мешање на имињата на градовите, истакна дека ниту претседателските кандидати не се совршени и дека и тие можат да направат грешка.

- Не, се разбира дека јас пристојно се извинив. Знаете како е кога одите во повеќе дестинации. А, признавам, и ова е шанса да си ја запознам подобро државата на лице место, ние правниците велиме „media sres“ понекогаш кога вие мислите на тоа што ќе го кажете, а не на градот можете да згрешите. Но тоа е доказ дека и кандидатите за претседател, па и претседателите не се совршени, перфектни личности и можат да направат грешка. Ако се извините тоа е во ред. Чинам дека поважно од таквата грешка е да не згрешите во тезите, во вистинските анализи. А, ако го згрешите името на градот тогаш мислам дека тоа не е страшно, истакна Силјановска.

*Платено политичко рекламирање