Прашањата кои ги засегаат Ромите и активностите по повод одбележувањето на претстојниот Меѓународен ден на Ромите, беа тема на разговор на денешната средба на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари со претставници на ромската заедница,
Особено значење во разговорите било дадено на реализацијата на проекти предвидени за оваа година во две гостиварски населби во кои живеат Роми.
Претставниците на Ромите се заблагодарија за поддршка на проектот за формирање на фудбалски камп во кој ќе тренираат децата Роми со што ќе се отворат перспективи да се занимаваат со овој спорт.
Градоначалникот Таравари потенцирал дека ромската заедница секогаш ќе ја има неговата поддршка и дека тој е посветен секој поединец, група на луѓе или заедница, да ги ужива сите права и еднакви можности, наведуваат од службата за информирање од општина Гостивар. згм/вј/