Кандидатот за претседател поддржан од БЕСА и Алијансата за Албанците, Блерим Река, изборниот караван го продолжи на митинг и средби со граѓани во Дебар. Тој истакна дека е дојдено времето после 20 години Македонија да добие претседател - Албанец. Покрај Река на митингот се обрати и Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села кој пред дебарчани истакна дека македонските партии било тоа да е СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ постојано се помагани од сервилни кои се во владите од 2002 година.

-Тие во владата се од условени интереси, а на Албанците сега им требаат чисти Албанци. Албанците овој пат одлучија да гласаат за Албанец претседател на државата кој е комплетна личност и заслужува да биде претседател на Република Северна Македонија. Доста беше давање на поддршка на оние кои се во политиката од големи интереси за себе и при тоа се дел од услугите за УДБА, а во политика се за да избегнат проблеми со законот. Веруваме дека на 21 април конечно Албанците ќе гласаат за Албанец, посочи Села.

*Платено политичко рекламирање