Својата програма за претстојните претседателски избори, кандидатот Блерим Река поддржан од БЕСА и Алијансата за Албанците ја претстави пред Дебарчани. Тој ги истакна своите пет постулати кои ќе бидат принципи на неговото владеење а лидерот на БЕСА Касами истакна дека конечно Албанците имаат свој кандидат за претседател.

-Тој е независен и ги соедини партиите од албанската опозиција. Очекуваме сите Албанци да гласаат на 21 април за Река кој е најдобар кандидат. Едниот кандидат дури не ги побара гласовите на Албанците, а другиот, пак, не проговори албански, а ги сака гласовите, рече Касами.

*Платено политичко рекламирање