Расел Вестбрук постигна 19 поени и направи 15 асистенции во победата на Оклахома Сити над Детроит со 123:110, а при својата трета асистенција во натпреварот си загарантира просечни „трипл-дабл“ индикатори за трета сезона по ред. Ниту еден друг играч во целата историја на НБА не постигнал нешто слично.

Досега во оваа кампања бекот на Тандер има 23.0 поени, 11.1 скока и 10,5 асистенции во просек на натпревар. При четириесет и шестата победа на ОКС сезонава Вестбрук немаше ден во однос на шутот (6/18 од игра), а кон статистиката си додаде и 8 скока, 1 одземена топка и 4 грешки за вкупно 35 минути на теренот.

Пол Џорџ со 30 поени, 8 скокови и 4 асистенции заврши како најефикасен за домаќините, додека Џермејн Грант додаде 19 поени и 7 скокови. Уште тројца од играчите на Били Донован имаа над десет постигнати поени – Денис Шредер (14), Стивен Адамс (14) и Маркиф Морис (12).

Вестбрук постигнал „трипла дабл“ во 44.9% од неговите натпревари во сезоната 2018/2019 – процент, поголем од оној при шутот од игра – 42.6%. Покрај сето ова, тој, исто така, исполни ветување што го даде на новинарите пред повеќе од две години – дека ќе му се одмазди на Заза Пачулија за направениот тежок прекршок. Расел го направи ова со неспортски прекршок против грузискиот центар на Детроит.

Блејк Грифин и неговите 45 поени не беа доволни за гостите од Мичиген. Иш Смит додаде 12, Лангстон Галовеј имаше 11, а Реџи Џексон заврши со 10.

Резултати од НБА:

Шарлот – Торонто 113: 111 Орландо – Атланта 149: 113 Вашингтон – Сан Антонио 112: 129 Хјустон – Њујорк Никс 120: 96 Индијана – Бостон 97: 112 Минесота – Мајами 111: 109 Оклахома Сити – Детроит 123: 110 Далас – Мемфис 112: 122 Јута – Сакраменто 119: 98 Феникс – Њу Орлеанс 133: 126 (по продолжение) Денвер – Портланд 119: 110 Голден Стејт – Кливленд 120: 114 Лос Анџелес Клиперс – Лос Анџелес Лејкерс 117: 122.