Во пресрет на 8-ми април Меѓународниот ден на Ромите Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово и други невладини организации денеска организираа Марш на достоинството и гордоста. Маршот започна од населбата Поток, а заврши на градскиот плоштад. Слоганот на денешното одбележување е „Поголема видливост на Ромите“.
-Покрај тоа што се наоѓаме во тек на спроведување на Декадата на Ромите, која е официјален документ прифатен од Владата на Македонија сепак е фактот дека Ромите не се видливи не се дел од оштествените процеси. Факт е дека за да се достигне и постигне таа видливост треба многу повеќе да работат не само ромската заедница туку и институциите на системот. Во последен период сведоци дека вклученоста на ромската заедница наместо да се зголемува се намалува. Така во секој случај мотото е поради тоа поголема видливост и присатност на ромската етничка заедница во сите сфери на општествено делување, изјави Хасан Идризи од невладината организација Англолипе.
Од асоцијацијата Сонце потенцираа дека е потребно подигање на свеста за вклученоста на Ромите во заедницата.
– Целта на овој Марш е да се испрати порака дека ромската заедница е горда на својот идентитет и дека и покрај проблемите и неправдите со кои се соочуват сепак живеат со достоинство. Со овој Марш ромската заедница се обидува да ја подигне свеста на националната и локалната власта, исто така и свеста на другите заедници дека и ромската заедница е дел од оваа држава и треба да се вложаат напори за да се подобри состојбата на Ромите за да биде на исто ниво со другите заедници со кои живеат-истакнаа од Сонце.
Покрај маршот по повод Меѓународниот ден на Ромите денес од 18 часот во Центарот за култура во Тетово предвидено е да се одржи перформанс посветен на идентитетот на оваа етничка заедница.