Во Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип од понеделник, почнува пријавувањето на болни и немоќни лица кои согласно законската регулатива, имаат право да гласаат во домашни услови, информира претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева.
–Од 8 до 13 април Општинската изборна комисија ќе работи од 9:00 до 19:00 часот. Сите кои имаат лице во семјество, кое неможе да го изврше своето гласње во избирачкото место нека дојдат, нека донесат соодветна документација како што беше и досега на Референдум, на Парламентарни и Локални избори. Истите документи и со пополнето полномошно, кое го даваме овде ги разгледуваме и според правилникот од државна изборна комисија ќе се одлучи дали ќе се категоризираат како болни и немоќни и ќе гласат во домашни услови, вели Андреева.
На последните избори, во октомври 2017 година во општинските изборни комисии во источниот регион биле пријавени околу 800 болни и немоќни лица.