Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата, на која на средби со граѓани и митинзи ги претставуваат своите изборни програми.
На шестиот ден од изборната кампања Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, и под мотото „Река за Републиката“ ќе ја бара довербата на Стружани.
Тој во Домот на културата со почеток од 19:00 часот ќе ја претстави програмата во која се залага за непартизирано судство, неамнестирано и неимунизирано собрание, сузбивање на непотизмот во јавната администрација како и владеење на правото во Македонија наместо владеење на поединецот.
*Платено политичко рекламирање