Кандидатот за Претседал на Македонија, Гордана Силјановска Давкова оствари средба со членовите на Сојузот на Македонците од Егејот.

Не знам дали можам да ја изговорам пораката се срамам искрено. Мислам дека сите треба да се срамиме, зошто се работи за една од најголемите, најтегобните, најтешките македонски трагедии. Со право велат повеќето од овде присутни, директно допрени од оваа трагедија дека не се сигурни дали треба да говорат за бегалци и за прогонети. За жал оваа држава не собра сила, не најде начин погласно да прозбори за егејската одисеја, за Македонците од Егејскиот дел, кои денеска се распослани по светот и повторно загрижени. Не знам значи дали било потешко тогаш или им е потешко сега, истакна Силјановска во изјава за медиумите по завршувањето на средбата.

Силјановска додаде и дека ќе се залага преку правните механизми кои и стојат на располагање да им помогне на оваа категорија на граѓани.

- Јас прво можам да ги сослушам, да ги разберам и претходно сум се обидувала да ги разберам. Се разбира јас како некој кој предава Уставно право можам прашањето да го гледам низ светлината на европските документи за правата на малцинствата. Тоа е Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата и Конвенцијата за регионални малцински јазици. Грција ја има потпишано правата, но ја нема ратификувано. Грчки професори препорачуваат да ја потпише и втората, и да ги ратификува обата. Јасно обзнануваат дека во Грција имало и има малцинства, ама се чини дека проблемот не е грчки туку е и македонски. Ако ние велиме дека прашањето на малцинствата е внатрешно прашање на една држава и дека секое споменување на Македонците во Егејска Македонија значи мешање во внатрешните работи ние имаме сериозен етички проблем, додаде Силјановска.

*Платено политичко рекламирање