Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Ѓорче Петров.
Силјановска Давкова пред граѓаните истакна дека е загрижена поради анкетите кои покажуваат намалена приврзаност кон Европската Унија и НАТО, а тоа е само поради една причина бидејќи актуелната власт ги злоупотреби Европската Унија и НАТО во најбесрамното референдумско прашање.
Ова го кажувам за граѓаните Македонци бидејќи кај нив е најголем падот, не затоа што тие не се идентификуваат со ЕУ и со НАТО, туку затоа што оваа власт ги злоупотреби ЕУ и НАТО во најбесрамното референдумско прашање.
Таа додаде дека уставот на Република Македонија предвидува задолжителен референдум за влез во Европската Унија, но не и за членство во НАТО, потенцирајќи дека СДСМ наместо цврсто да застане и да ги праша граѓаните дали се за промена на уставното име на државата таа ги искористила ЕУ и НАТО а со тоа и го жртвувала името на Република Македонија.
Нашиот Устав за членството во Европската Унија кога ќе дојде време при крајот на преговорите предвидува задолжителен референдум, додека за НАТО не предвидува референдум. Но, тие ги ставија во референдумското прашање без да не прашат дали сте за промена на името, машки и женски силно, тие го закамуфлираа прашањето, зошто мислеа дека на ЕУ и НАТО или под плаштото на ЕУ и НАТО ние ќе го заборавиме или ќе го жртвуваме името. Погрешија, нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова побара поддршка од граѓаните ветувајќи им дека во нејзиниот кабинет ќе го сочинуваат луѓе кои ќе имаат искуство и знаење и кои ќе бидат професионалци во својата област. Силјановска Давкова рече дека таа лично ќе се залага за конечно вражање на правото и правдата во државата, бидејќи само тоа е услов за квалитетен и добар живот за сите граѓани.
*Платено политичко рекламирање