Кандидатот за претседател Блерим Река на конвенција во Дебар нагласи дека е време и Албанците да имаат претседател на државата. Тој во присуство на лидерите на Алијанса на Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Билал Касами, истакна дека има пет клучни приоритети за развој на државата во која главниот акцент ќе биде ставен на владеењето на правото а не на поединецот.

– Пред стружани испратив универзални пораки за универзални вредности за републиката која е една и за сите, во која нема дискриминација на никаква основа, ни на верска, ни на етничка. За една република на рамноправни граѓани, за една република во која владее законот, а не поединецот и за една република која не трпи политизирано судство, непотизирана јавна администрација и сигурно нема да трпи политички пазари на партиите за да се укине Специјалното јавно обвинителство. Тоа треба да продолжи затоа што СЈО е гарант на начелото на владеење на правото, посочи Река.

*Платено политичко рекламирање