Кандидатот за претседател на Македонија, Блерим Река ја претстави својата програма пред граѓаните на Струга.

На неговата промоција присуствуваше и лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами, чија поддршка ја има Река.

Во неговото излагање, Билал Касами истакна дека на овие избори, Албанците немаат причина да гласаат за Стево Пендаровски бидејќи преку Блерим Река го имаат најдобриот избор.

„Стружани, тука сме за да ви кажеме и вас и на сите Албанци дека Албанците се достоинствени, Албанците се горди на себе и затоа ќе гласаат за кандидат кој е Албанец. Кандидатот Блерим Река е вистинскиот избор за нас, албанците, и сигурни сме дека на 21-ви април сите ќе го заокружат бројот 1 и гласот ќе го дадат за Река. Нема ниту една добра причина зошто Албанците би гласале за Пендаровски кога најдобриот избор е Блерим Река, истакна Касами.

*Платено политичко рекламирање