Претседателскиот кандидат Блерим Река, поддржан од албанската опозиција БЕСА и Алијанса на Албанците, вечерва пред стружани истакна дека ќе се залага враќање на владеење на правото и елиминирање на доминацијата на поединецот во општеството.

На трибината организирана во Домот на културата во Струга се обрати и лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села. Тој истакна дека со давањето на гласот за Блерим Река, јакне албанскиот глас во политичка смисла.

- Поддршката на кандидатурата на професорот Блерим Река, значи многу за Албанците. Значи многу за нашите деца, значи многу за јакнење на албанскиот глас, значи многу воопшто за Албанците во Македонија. Сигурен сум дека на 21-ви април останатите кандидати ќе бидат неиспочитувани од страна на албанските гласачи, бидејќи Река е вистинскиот избор за подобра иднина, истакна лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

*Платено политичко рекламирање