Медицинска екипа од Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом од Велес денеска на плоштадот „С’рмаале“ во центарот на Велес вршеа бесплатни превентивни медицински прегледи на велешани за мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и вкупен холестерол.
Инаку, со овие превентивни медицински прегледи ЈЗУ „Здравствен дом“ од Велес го одбележа 7 април – Светскиот ден на здравјето.
Доктор Страхил Тодоров, за два часа биле прегледани 122 пациенти, а на сите им бил мерен крвниот притисок, на 81 од нив им било мерено и шеќер во крвтта, а на 41 и вкупен холестерол.
-Имаше и новоткриени случаи, кои потоа ги препративме на понатамошно лекување кај матичен лекар. Тој кој понатаму ќе ги препрати на специјалистичко лекување кај соодветен лекар специјалист, потенцира Тодоров.