Истражувањето спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во период од 23 до 27 март, на 1.110 полнолетни испитаници на ниво на целата земја, на тема „Рејтинзи на претседателските кандидати“ за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител покажало дека кандидатот за претседател поддржан од албанската опозиција Блерим Река има убедливо водство кај албанскиот гласачки електорат.

Кај испитаниците од македонска етничка припадност предноста ја има Гордана Силјановска Давкова со 35,8 проценти, пред Стево Пендаровски со 33,5 проценти, а кај Албанците предноста е за Блерим Река (30,4 проценти), пред Стево Пендаровски со 17,4 проценти. Другите етнички заедици ја поддржуваат Гордана Силјановска Давкова со 17,9 проценти, покажа истражувањето.

Мнозинството граѓани пак ќе гласаат на престојните претседателски избори (69,3 проценти) и според етничкиот пресек Македонците се помотивирани да излезат на гласање (76,4 проценти), додека кај Албанците ќе гласаат 52,6 проценти од испитаниците и кај другите етнички заедници 41,9 проценти од анкетираните.

*Платено политичко рекламирање