Стево Пендаровски ужива поголема доверба кај студентите (26,1 проценти), кај вработените во државниот сектор, а Гордана Силјановска има предност кај самовработените/приватниот бизнис (31,8 проценти), земјоделците (35,3 проценти), пензионерите (29,2 процента) и невработените (19,6 проценти), покажа истражувањето на тема „Рејтинзи на претседателските кандидати“ спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во период од 23 до 27 март, на 1.110 полнолетни испитаници на ниво на целата земја спроведено за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител
Осум од десет граѓани сметаат дека не треба да се бојкотираат престојните претседателски избори (81,2 процента).
Испитаниците очекуваат да биде исполнет цензусот од 40 проценти во вториот круг на изборите (47,9 проценти), додека во неговото исполнување не се сигурни 38,6 проценти од нив.