Пораките и на премиерот Заев и претседателскиот кандидат Пендаровски од трибината со граѓаните на скопската општина Чаир, и на граѓаните, ја потврдуваат клучната заложба на Стево Пендаровски, да продолжи изградбата Едно општество за сите и интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ, како и дека е тоа можно само Заедно Напред.

"Здраво, „Mirdita", доаѓам во мојата општина и во моето маало, го почна обраќањето во Чаир кандидатот за претседател Пендаровски, што беше проследено со аплауз од присутните.

-Да гласаме за држава членка на ЕУ и НАТО, дел од современиот развиен свет, оваа држава само вака може да просперира. И сите да имаат исти права. Или сите ќе имаме исти права, или нема среќа за никој од нас. Немојте да дадеме шанса на концепти погубни за нашата држава, повика претседателскиот кандидат Пендаровски.