– Без суштински реформи не може да одиме напред, потенцира Река, претседателски кандидат поддржан од БЕСА и Алијанса на Албанците на средбите со граѓани во Куманово.

На митингот се обратија и лидерите на БЕСА и Алијанса на Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, кои сметаат дека Албанците без разлика на нивната партиска припадност ќе гласаат за претседателскиот кандидат Блерим Река кој, како што рекоа, е професионалец и дипломат со искуство и знаење.

– Граѓаните ќе гласаат за Река, не само затоа што е Албанец, туку и поради неговите квалитети, рече Касами.

Села и Касами очекуваат Река да влезе во вториот круг од претседателските избори.

*Платено политичко рекламирање